Известување за посебен режим на одвивање на сообраќајот по главната улица Св.Јоаким Осоговски

Согласно со чл. 52, 53 и 54 од  Законот за јавните патишта (службен весник на Република Македонија бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16),и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.174/21, 253/23, 224/24 и 135/25) Општина Крива Паланка го објавува следново:

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека за предстојните празнични денови на 29.08.2025г. (петок) и 30.08.2025г. (сабота) поради одржување на музички настани  ќе важи посебен режим на одвивање на сообраќајот по главната улица Св.Јоаким Осоговски во периодот од 17,оо ч. до 03,оо ч.,  односно почнувајки од влезот на Крива Паланка кај Технички преглед па се до Осички Мост сообраќајот ќе се одвива во еден правец и тоа по десната коловозна лента, додека левата ќе биде наменета за паркирање. На делот од Осички Мост до свртувањето кон Манастир ќе биде забрането движење на моторни возила, односно овој потег од улицата ќе биде наменет само за пешаци.

Погоре наведеното ќе биде регулирано со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација, преку редарска служба и полиција.

Се молат жителите на Крива Паланка  во овој период што помалку да ги користат своите возила за да се овозможи непречен проток на сообраќајот и да се обезбеди прием и паркирање на многубројни возила кои не се од нашата општина.

                                                                                            Општина Крива Паланка
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                                  Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст