Се повикуваат сите правни и физички лица кои се сопственици на објекти за кои постои опасност од нивни уривање да преземат итни мерки за отстранување на објектот или негов дел , односно да го означат објектот како опасен со соодветни ознаки, да постават заштитна ограда до отстранувањето на опасноста и да поднесат барање за добивање на одобрение за отстранување до надлежниот орган од членот 58 согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15,226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22, 111/23, 224/24, 224/24, 255/24, 3/25, 171)
Секој сопственик е е должен преку тековно и инвестиционо одржување да ги сочува основните барања за градбата и истата да не претставува опасност од нејзино уривање и загрозување на животот на граѓаните
До колку сопствениците на овие објекти не превземат итни мерки за заштита на објектот или негово отстранување, општината тоа ќе го направи на нивен трошок.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски