Отстранување на незаконито оставени и поставени препреки на тротоари

Почитувани граѓани сведоци сме на незаконито паркирање на  возила на тротоари, самоволно и диво поставени препреки и пречки на тротоари ( бетонски парчиња, разни железа, камења , дрвја , гајби , кутии и слично ) кои го попречуваат нормалното движење на граѓаните посебно на децата , на  возрасните  и инвалидизирани лица  кои наместо по законски определените тротоарски површини   се приморани да се движат по коловозната  површина  определена за возила ризикувајќи го  притоа својот живот бидејќи  во случај на можна  сообраќајна незгода  недолжно ќе бидат и повредени и виновни, а да не зборуваме за трагични состојби.

За жал меѓу најлошите состојби се тротоарите од двете страни на Главната улица  почнувајки од Осички мост   па речиси до поранешна фабрика  Карпош каде на неколку потези секојдневно тротоарите се узурпирани како  од правни лица ( пред се трговците )  така и  од физички лица со разни предмети и материјали.

Општинската  инспекциска служба  , во соработка со  МВР  ПС ОН – Сектор сообраќај  Крива Паланка и ЈКП ,Комуналец  – Сектор за отпад и јавна хигиена  во текот на оваа недела ќе спроведат активности  за  отстранување на незаконито оставени  препреки на тротоари и јавни простори .

Општина Крива Паланка апелира  до сите граѓани кои оставиле возило или поставиле било каква препрека , трговци кои поставиле гајби, кутии, и разни производи   на јавна тротоарска површина веднаш да ги отстранат  во спротивно  истите ќе бидат санкционирани  а незаконито оставените препреки отстранети од соодветна служба  до крајот на оваа работна недела.

Да ги вратиме тротоарите на оние за кои се наменети-  на ПЕШАЦИТЕ!

Големина на фонт
Контраст