Соопштение за организирање јавна анкета и јавна презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка,Општина Крива Паланка

Врз Основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М.“бр. 32/20,111/23,171/24,224/24 и 40/25) и член 23 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“бр.8/10, 12/10, 8/14,2/18,3/19,8/21,01/23,05/23,14/23,05/24 и 09/24),градоначалникот на Општина Крива Паланка  , донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање јавна анкета и јавна презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка,Општина Крива Паланка

Јавна анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 14.05.2025година до 16.06.2025 година,секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка.

Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информативните табли на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на Општина Крива Паланка.

Јавната презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 29.05.2025година со почеток во 11.00 часот во големата сала при Општина Крива Паланка.

Планскиот опфат кој е предмет на уредување на  Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка зафаќа површина од 3,359 ха. и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок Ј-12, со плански опфат дефиниран со следниве граници:
-од север по границите на регулирано корито на „Мини дол Белево“
-на исток и југ се движи по постојна улица,односно ја сече КП 7825/2
-на запад по осовината на Градска магистрална улица А (дел од магистралниот пат А2 М2)

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на Општина Крива Паланка и во горенаведениот период заинтересираните правни и физички лица можат достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем за е-урбанизам.

                                                                                                     ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                        Градоначалник,
                                                                                                       Сашко Митовски

Анкетен лист
Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст