Врз Основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М.“бр. 32/20,111/23,171/24,224/24 и 40/25) и член 23 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“бр.8/10, 12/10, 8/14,2/18,3/19,8/21,01/23,05/23,14/23,05/24 и 09/24),градоначалникот на Општина Крива Паланка , донесе:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање јавна анкета и јавна презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-09 КО Крива Паланка,Општина Крива Паланка
Јавна анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 14.05.2025година до 16.06.2025 година,секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка.
Детален урбанистички план за дел од блок Ј-09 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информативните табли на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на Општина Крива Паланка.
Јавната презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-09 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 30.05.2025година со почеток во 11.00 часот во големата сала при Општина Крива Паланка.
Планскиот опфат кој е предмет на уредување на Детален урбанистички план за дел од блок Ј-09 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка зафаќа површина од 1,15 ха. и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок Ј-09, со плански опфат дефиниран со следниве граници:
од северо-западната страна по осовина на ул.св.Јоаким Осоговски
-од западната страна по осовина на Мини Дол
-од југо-источната страна ја следи ул.Кочо Рацин до крстосницата со ул.св.Јоаким Осоговски
-од северо-источната страна кај КП бр.3845/1, КО Крива Паланка.
Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на Општина Крива Паланка и во горенаведениот период заинтересираните правни и физички лица можат достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем за е-урбанизам
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски
Анкетен лист
Детален Урбанистички План за дел од блок Ј-09 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка