Записник од одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка

Состанокот се одржа на ден 01.08.2024 година во 8.00 часот во Мала Сала на Општина Крива Паланка, а истиот беше свикан на иницијатива на Градоначалникот Сашко Митовски.

На состанокот беа присутни:
– Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски
– Командант на кризен штаб Изабела Павловска
– Раководител на одделение за инспекциски надзор Бранко Велиновски
– Раководител на одделение за поддршка градоначалникот, односи со јавноста и информатичка технологоја Сања Стојановска
– Командир на полициска станица Дејан Маринковски
– Командир на ТППЕ Крива Паланка Иле Коцевски
– Директор на ЈП Македонски шуми под. Осогово Крива Паланка Ивица Митовски
На состанокот беа присутни и лица кои не се членови на Кризниот штаб поради сериозноста од преземање на превентивни мерки за заштита од пожари затоа штабот работеше во проширен состав.

На состанокот се дискутираше по следниве точки
1. Согледување на актуелната состојба за заштита од пожари;
2. Донесување на соодветни Заклучоци и препораки;
3. Разно;

По согледување на актуелната состојба за заштита од пожарите на подрачјето на Општина Крива Паланка и дадените информации од присутните на состанокот се донесоа препораки за дејствување и преземање на мерки.

По исцрпената дискусија и беа донесени следните препораки:

1. Апел до граѓаните во предстојниот период да се воздржат од користење на излетничките места и палење на оган на отворено поради избегнување на пожари.

2. Апел до граѓаните доследно да ја почитуваат одлуката за забрана за движење во шума.
3.Секоја институција да формира свои тимови, и да бидат спремни за терен со лице за контакт.

4.ЕВН да превземе мерки на терен за расчистување на трасата поради безбедност од преплет на жици од далеководите и фрлање на искри.

5.Полицијата да врши редовни контроли на терен и да укаже на жителите каде ќе има собори да не се палат скари.

6.ЈП Комуналец да изврши проверка на хидрантите за нивна исправност.

7. Апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење

8.Да се формират дежурни патроли од ЈП Македонски шуми подружница Осогово Крива Паланка.

Состанокот заврши во 9.00 часот.

Крива Паланка 01.08.2024 година

ОПШТИНСКИ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст