Општина Крива Паланка организира стручно предавање од областа на сертификација на органското производство

Општина Крива Паланка во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Крива Паланка, организира стручно предавање од областа на сертификација на органското производство.

Предавањето ќе се одржи на ден 19.03.2024 година во 12 часот во голема сала на Советот на Општина Крива Паланка.

Ги повикуваме сите заинтересирани регистрирани земјоделци, пчелари и граѓани кои се занимаваат со земјоделие да присуствуваат  и да земат учество на оваа предавање, бидејќи истото ќе биде презентирано од претставници од надлежните институции и овластени сертификаторски субјекти.

                              ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст