Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD 2 проектот во Општина  Крива Паланка

ЈАВЕН ПОВИК
за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD 2 проектот во Општина  Крива Паланка

 Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од  Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна цела на ReLOaD2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на Општина Охрид. Проектот ReLOaD 2 работи со осум партнерски општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост и вклученост на младите во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

Општина Крива Паланка, на ден 13.09.02023 г. објави Јавен повик во рамки на ReLOaD2 проектот за предлог проекти од граѓанските организации.

Станува збор за повторен Јавен повик за кој општина Крива Паланка го продолжи рокот за поднесување на проекти до 20.10.2023 година (до 15:00 часот) при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи најдоцна до 10- ноември 2023 година. Евалуацијата се очекува да трае, не повеќе од 2-4 дена и ќе зависи од бројот на добиени предлог проекти.

За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во рамките на ReLOaD 2 проектот, Општина Крива Паланка во соработка со УНДП објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките повторениот Јавниот повик кој е објавен во Општина Крива Паланка.

Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:

  • ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
  • ќе потпише Изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
  • ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
  • во случај на неможност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
  • ќе го потпише Извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог проектите.

Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно Законот за асоцијации и фондации. Пожелно е кандидатот да има:

  • претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
  • искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;

Кандидатите мора да ги достават следниве документи по електронски пат на  lstojanovska@krivapalanka.gov.mk

  • писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
  • Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.

Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа/без финансиски надомест. Проектот ќе ги надомести основните трошоци, како што се патните трошоци и лесен оброк

Граѓанската организација во која избраниот кандидат е член и/или постојано вработен НЕ МОЖЕ да аплицира (ниту како носител ниту како партнер на носителот) на повторениот Jавниот повик за поднесување на предлог проекти во рамките на ReLOaD 2 проектот во Општинa крива Паланка.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 27.10.2023 година до 15:00 часот.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме обратете се кај: Лилјана Стојановска ([email protected]).

                                                                                                                                                                                   ГРАДОНАЧАЛНИК
                                                                                      САШКО МИТОВСКИ

Големина на фонт
Контраст