Известување за граѓаните – авионско прскање против комарци

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека на ден 03.08.2023 година (четврток) во раните утрински часови од 05:00 часот до 06:00 часот ќе се изврши предвиденото трето авионско прскање за заштита од комарци.

Се известуваат пчеларите во времето на прскање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи дезинсекцијата ќе биде одложена за наредните денови кога временските услови ќе бидат поволни.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст