Усвоени заклучоци на општинскиот Штаб за заштита и спасување по појавата на свлечишта предизвикани од природната непогода на територијата на Општина Крива Паланка

 

Иминатите денови подречјето на Општина Крива Паланка беше зафатено со поројни врнежи од дожд при што паднатата количина вода предизвика појава на одрони и свлечишта на повеќе локации на територијата на општината: Ул.„ 8-ми Октомври“ – Сааат маала, Населба Белево, Ул.„Гоце Делчев“ – ул„Осоговска“, Ул„Моша Пијаде“,  населба Скрљава, Трештен Дол,  Ул„Калин Камен-8-ми Октомври“.

Со оглед на состојбата на терен кадешто се мобилизирани сите надлежни служби, состанок на 13.6.2023 година одржа општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој по дадените известувања, согледувања и предлози од страна на членовите на штабот и останатите присутни беа донесени следните заклучоци:

1.     СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите во Општина Крива Паланка, ЈП Комуналец – Крива Паланка, како и сите други надлежни подрачни служби од доменот на управувањето со кризи, заштитата и спасувањето, управувањето со води и други, во наредните денови активно да ја следат состојбата на терен и превентивно да делуваат, од аспект на обезбедување на навремени и точни информации и податоци за правилна анализа и проценка на потенцијалните ризици на сите критични места, кои се загрозени од појавата на свлечишта, но и тие, кои можат да бидат загрозени при евентуални поплави, предизвикани поради обилните врнежи.

2.     СЕ ЗАДОЛЖУВААТ членовите на Штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка да бидат во целосна приправност и Штабот редовно да заседава во целиот период, додека се случуваат обилните врнежи на територијата на Општина Крива Паланка.

3.     СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите во Општина Крива Паланка, во име на Штабот за заштита и спасување да подготват и проследат информација до Владата на Република Северна Македонија за сите досега појавени и пријавени свлечишта, кои сериозно го загрозуваат имотот и животот на граѓаните од критичните подрачја, но и за евентуални дополнително појавени критични точки, како и да биде побарана соодветна неопходна владина поддршка и помош.

4.     СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Комуналец да формира дежурни екипи, кои ќе бидат во приправност доколку е потребно дополнително ангажирање на човечки ресурси и соодветна механизација, а во случаи на неопходна интервенција за спречување и санирање на штетни поселедици на потенцираните критични точки.

5.     СЕ ЗАДОЛЖУВААТ надлежните служби во Општина Крива Паланка, со поставување на соодветна сигнализација  да извршат обезбедување или целосно затворање за сообраќај на критичните локални улици и патни правци, освен за интервентни возила.

6.     СЕ ПРЕПОРАЧУВА на граѓаните од загрозените подрачја и објекти, во зависност од проценката на безбедноста да ги напуштат привремено своите живеалишта, а Штабот за заштита и спасување да обезбеди нивна евакуација и згрижување, доколку состојбите и проценката на безбедносниот ризик налагаат такви мерки.

7.     СЕ ЗАДОЛЖУВААТ службите во Општина Крива Паланка да спроведат итна јавна набавка на градежно-занатски работи и механизација за итна превенција и санација на сите свлечишта на пријавените критични точки.

Општина Крива Паланка ги превзема сите потребни мерки за справување со состојбата, сите служби се мобилизирани и етапно се работи на санирање на настанатите штети.

Апел до граѓаните за разбирање и навремено пријавување на каква било новонастаната состојба на терен. Сите граѓани кои имаат потреба за каква било помош или пријава на состојба од терен можат да се обратат на единствениот број за  итни повици на територијата на целата држава, 112.

Големина на фонт
Контраст