Известување

Општина Крива Паланка во соработка со АДРА Македонија на ден 20.06.2023(вторник) во Салата на Општина Крива Паланка со почеток во 10:00 часот организира ИНФО ДЕН во врска со отворениот повик за мотивирани и заинтересирани ѓраѓани кои сакаат да отпочнат свој бизнис за одгледување на пчели, производство на мед и производи на мед, за напредни пчелари кои сакаат да го унапредат своето работење и подигнат  на највисоко ниво во делот на органско производство и за пчелари на кои им се потребни само одередени поправки на нивните пчеларници.

Владата на Република Словенија преку Министерството за Надворешни работи и амбасадата во РСМ го финансира 3 годишниот проект за развој на пчеларството во Североисточниот регион, во кој спаѓа и Општина Крива Паланка.

На инфо денот ќе присуствува  Проект Менаџерот на проектот Г-дин Дејан Антиќ и Г-дин Горан Алексовски Експерт од факултетот за Земјоделски науки и храна.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да земаат учество на настанот.

За информации за ИНФО денот контакт лице Валентина Ангеловска , тел.076-337-448

​​​​Општина Крива Паланкa
​​​​​​Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст