Известување за чествувањето на големите христијански празници, Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Oсоговски

Почитувани граѓани,

По повод чествувањето на големите христијански празници, Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Oсоговски,  Општина Крива Паланка во соработка и корелација со МПЦ, превзема навремени превентивни мерки за заштита од ширење на болеста COVID-19.

Во таа насока, ги известуваме сите граѓани, сопствениците на угостителските објекти, како и другите стопанственици,  дека годинава, поради новонастаната ситуација на пандемија од Ковид 19, нема да биде дозволено  поставување на продажни штандови,  како во урбаниот дел на градот, така и во близина на Манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“.

Исто така, нема да има ниту продолжување на работното време на угостителските објекти и нивните сопственици се должни да го почитуваат досегашното работно време, до 01 часот, како  и да се придржуваат на досегашниот протокол за работа.

Празничната, вечерна и утринска богослужба со света архиерејска литуρгија,  како и сите други верски обичаи, за сите верници и намерници,  ќе се одвиваат како и до сега.

Да ги дочекаме и прославиме големите христијански празници, Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Oсоговски весели во срцата, умерени во говорот и дејстувањето, да уживаме во честувањето, да се радуваме на живеењето.

 

 Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст