1. Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Крива Паланка -готов образец во ОЦУ и на веб страницата www. krivapalanka.gov.mk/ www.krivapalanka.gov.mk/sloboden-pristap-do-informacii– кој граѓанинот/клиент го пополнува.
(Барањето може да биде упатено усно, писмено и по електронски пат)
Пристапот до информациите од јавен карактер е бесплатен
1. Усно барање, барателот го поднесува лично на службените лица за посредување со информации од јавен карактер;
2. Писмено барање се поднесува лично или по пошта во архивата на општината, Oпштински центар за услуги (ОЦУ)
3. Писмено барање по електронски пат се поднесува на електронските адреси:
[email protected]
[email protected]
Единственo барањата примени по електронски пат на претходно наведените елекронски адреси на службените лица ќе бидат предмет на процедура согласно член 15 став 2 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер
Веднаш, а најдоцна во рок од 20 дена од денот на прием на барањето (член 21 од Законот за слободен пристап до информации). Согласно член 22 став 1 од Законот за слободен пристап до информации, може да се продолжи рокот, но најмногу до 30 дена од денот на приемот на барањето.
На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:
а) по пошта
б) телефон
в) факс
г) е-маил или
д) друго
Барателот на информацијата има право да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер против решението со кое имателот на информацијата го одбил или отфрлил барањето, согласно со член 27 став 1 од Законот за слободен пристап до информаци, во рок од 15 дена од денот на прием на Решението.
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/ 2019)
Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината www.krivaplanka.gov.mk