Заеднички ИПА проект на македонската и бугарската ловечка федерација

Ловечката федерација на Македонија и Ловно-риболовната федерација на Бугарија подготвуваат заеднички проект за електронско-географско мапирање на разните видови дивеч на територијата на Македонија, Бугарија и Грција.
Проектот ќе биде аплициран за финансирање од страна на ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а соработката беше објавена на средба на претседателите на двете федерации која се одржа на 26 февруари во Крива Паланка.
– Проектот предвидува формирање „ГИС-географско-информатички систем“ со електорнска база на податоци за популацијата на дивеч на Балканот, поточно на територијата на трите држави, Грција и Бугарија како членки на ЕУ и Макеоднија како земја-претендент за влез во Унијата. Ова е проект од национален интерес, од интерес на сите три држави, а не само на ловечките федерации, бидејќи со климатските промени се менува и популацијата на дивеч, зависно и од висинските разлики и останати фактори, рече Ванчо Димитриев, претседател на Ловечката федерација на Македонија.
Проектот ќе ја зацврсти отпочнатата соработка на федерациите на двете земји и ќе придонесе за поголема атрактивност на ловниот туризам во регионот.
-Со „ГИС“ платформата ќе се овозможи изнаоѓање точни бројки базирани на истражувања кои системски ќе се спроведат и ќе ја формираат географската локација на разните видови дивеч карактеристични за овие поднебја- изјави Васил Василев, секретар на Ловно-риболовнна федерација на Бугарија.
Тој додаде дека бугарската федерација на ловци и риболовци постои 118 години, а стопанисува со 85 отсто од ловната површина во државата.
-Во Бугарија има регистрирано околу 130 000 ловци, а 118.000 се наши членови кои за да се стекнат со ловна дозвола полагаат државен испит со кој им се овозможува и поседување ловечко оружје-рече Василев.
Претседателот на Македоснката федерација на ловци истакна дека здружението прави напори за поттикнување на измени и дополнувања во законот за ловство.
-Во фаза сме на иницирање законски измени за регулирање на поседувањето ловечко оружје и уредување дополнителни права и обврски во областа на ловството, нагласи Димитриев.
Ловечката федерација на Македонија е најстара федерација во државата која годинава слави 70-годишен јубилеј.
Македонија е атрактивна балканска дестинација за ловен туризам на дива свиња, еребица камењарка, полка, дива коза, срна, како и за прелетен лов на грлица и потполошка. Во нашата земја има регистрирано околу 20.000 ловци.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски организираше прием за претставниците на двете федерации, Федерацијата за лов и риболов на Бугарија, предводена од претседателот Сергеј Шишов и Ловечка федерација на Македонија, предводена од претседателот Ванчо Димитриев.

12718045_692948527514958_6465527256088366747_n12764414_692948574181620_2197143208864880738_o

Големина на фонт
Контраст