Празниците се ближат, а Крива Паланка е подготвена да ги пречека во ново, празнично руво!
Вечерва, со илјадници светилки, празнични декорации и посебна атмосфера, централното градско подрачје, главната улица, магистралниот пат и плоштадот „Карпошово востание“ ќе го добијат својот новогодишен сјај. Но, вистинскиот почеток на празничната приказна ќе го означиме заедно – со свеченото палење на новогодишната елка и празничното осветлување на градскиот плоштад.
Најмалите ќе имаат посебна улога во овој празничен момент. Со музика, новогодишни песни и многу детска возбуда, заедно ќе го подготвиме најочекуваниот миг на вечерта – заедничкото одбројување од десет до еден, по кое Крива Паланка ќе засвети во полн празничен сјај. Следуваат огномет, конфети и забава со DJ Bono, кој ќе се погрижи за добрата музичка атмосфера.
И оваа година, најубавиот дел од празничната слика ќе бидат насмевките на децата, семејните средби и радоста што се споделува. Затоа, повелете и дојдете со најмалите, повикајте ги пријателите и бидете дел од вечерта со која заедно ќе ѝ посакаме добредојде на новогодишната магија.
Ве очекуваме вечерва од 19:00 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
Да бидеме заедно кога Крива Паланка ќе засвети во новогодишно руво!





