Општина Крива Паланка со месечна субвенција од 1.000 денари за исхрана на секое прваче

Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка бр. 09-4316/35 од 31.08.2026 година, Општина Крива Паланка ќе ги субвенционира дел од трошците за исхрана на секое запишано прваче во учебната 2026/2027 година на подрачјето на Општина Крива Паланка, во износ од 1.000,оо денари месечно во периодот на учебната година.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување месечна субвенција за секоје запишано прваче на подрачјето на Општина Крива Паланка за учебната 2026/2027 година, кое заедно со потребните документи треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.

БАРАЊЕ:Барање за субвенционирање оброк за првооделенчиња