Општина Крива Паланка продолжува да ги надградува резултатите од долгогодишната соработка со UN Women, во рамки на проектот за родово одговорно буџетирање, со поддршка на амбасадите на Шведска и Швајцарија во земјава.
На денешната средба со претставниците на UN Women и претставничките на двете амбасади беа презентирани постигнатите резултати и практиките што Општината ги применува како резултат на досегашната соработка, преку обуки, менторска поддршка и размена на искуства.
Стекнатите знаења се интегрираат во планирањето на општинските програми и буџетот, при што се земаат предвид потребите и приоритетите на жените и мажите. Еден од конкретните примери за иницијативноста и придонесот на жените во локалната заедница е „Еко лаб“, иницијатива произлезена од нивните идеи и предлози.
Партнерството со UN Women продолжува и во наредниот период, со заложба за примена и унапредување на инклузивниот пристап и во други области од општинското работење.









