Младинските приоритети се преточуваат во конкретни мерки и активности преку изработката на Локалната стратегија за млади

Денес, во салата на Советот на Општина Крива Паланка, се одржа втората работилница во процесот на изработка на Локалната стратегија за млади, согласно принципите на агендата „Млади, мир и безбедност“ (YPS).

Во фокусот на работилницата беа разгледувањето и анализата на предлозите и заклучоците од претходната средба, врз чија основа учесниците работеа на дефинирање конкретни мерки и подготовка на предлог-акциски план во приоритетните области.

Младите ги насочија своите идеи и предлози кон неколку клучни области: здравје, безбедност и инклузија; младински активизам; образование, развој на вештини и економска независност.

Преку активното учество и непосредното вклучување во овој процес, младите придонесуваат во креирањето локални политики што одговараат на нивните потреби, предизвици и перспективи.

Локалната стратегија за млади ќе претставува рамка за понатамошно делување на Општина Крива Паланка и другите јавни институции, со насоки и препораки што треба да бидат интегрирани во нивните идни програми и активности, со заедничка цел – унапредување на положбата на младите и создавање подобри услови за нивно активно учество и развој во локалната заедница.