ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА МОНТАЖНО – ДЕМОНТАЖНИ ОБЈЕКТИ

По повод Новогодишните и Божиќните празници, Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка во центарот на градот (Градски Плоштад), за периодот од 01.12.2026 година, па заклучно со 10.01.2027 година, дека можат да поднесат Барање до oпштината за одобрување на некоја од дефинираните локации и тоа од 09.11.2026 година па се до исполнување на локациите.

Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу oпштината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.

Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на:

  1. Греано вино
  2. Храна
  3. Печени костени
  4. Крофни и палачинки
  5. Кафе и топли напитоци
  6. Новогодишни пакетчиња
  7. Новогодишни честитки
  8. Сувенири и ракотворби
  9. Детски играчки
  10. Фотографија

Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 01.12.2026 година до 10.01.2027 година.

Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

*Напомена: Строго е зaбрането поставување на производи надвор од изнајмениот објект.

                                                                                    ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Одделение за урбанизам
и заштита на животната средина