Продолжен рокот за пријавување на Јавниот повик за култура за 2027 година

Почитувани,

Општина Крива Паланка ги известува сите заинтересирани апликанти дека, рокот за поднесување пријави по Јавниот повик за прибирање предлог-проекти, програми и програмски активности од областа на културата од интерес за Општина Крива Паланка за 2027 година се продолжува за пет дена.

Новиот рок за поднесување пријави е 9 ноември 2026 г. до 15.00 часот.

Продолжувањето на рокот овозможува дополнително време за подготовка и доставување на предлозите. Се повикуваат заинтересираните да ја поднесат потребната документација во продолжениот рок, согласно условите и начинот на пријавување утврдени во Јавниот повик.

Останатите услови, критериуми и начинот на пријавување утврдени во Јавниот повик и Правилникот остануваат непроменети.

Линк до јавниот повик од областа култура: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/46147

Решение: