Општина Крива Паланка ги повикува заинтересираните угостители, занаетчии, трговци и локални производители да пријават интерес за изнајмување новогодишни куќарки во рамките на Новогодишниот базар, кој ќе се одржува на Градскиот плоштад во Крива Паланка, во периодот од 1 декември 2026 до 10 јануари 2027 година.
Базарот има цел да ја збогати празничната понуда на градот, да ги промовира локалните производи и ракотворби и да создаде простор за дружење на граѓаните и посетителите.
Заинтересираните можат да пријават учество со понуда од следните категории:
Топли пијалаци: кафе, чај, топло чоколадо и варено вино;
Слатки задоволства: палачинки, вафли, мини крофни, медењаци и новогодишни колачиња;
Храна и домашни специјалитети: колбаси, хот-дог, скара, сендвичи, печива, зелник и мекици;
Зимски закуски: печени костени, пуканки и јаткасти плодови;
Локални производи: мед, слатко, џемови и чаеви;
Подароци и украси: ракотворби, сувенири, накит, свеќи, новогодишни декорации и персонализирани подароци;
Детска понуда: играчки, сликовници, креативни сетови и новогодишни пакетчиња.
Можат да се достават и други предлози за содржини соодветни на карактерот на базарот, кои ќе придонесат за разновидна и привлечна празнична понуда.
Пријавувањето интерес се врши во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка. При пријавувањето потребно е да се наведат назив на фирмата или име и презиме на излагачот, податоци за контакт и краток опис на производите и содржините што се нудат.
Општина Крива Паланка ги охрабрува локалните бизниси, производители и креативци да ја искористат можноста за промоција и продажба на своите производи и со своето учество да придонесат за збогатување на празничната атмосфера во градот.
Општина Крива Паланка





