Поставени информативни табли и маркирана патеката од манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ до Станечките водопади

Општина Крива Паланка, во соработка со здружението ЕГРИ, го поддржа прочистувањето и маркирањето на планинарската патека во должина од 9,6 километри, која ги поврзува манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ со Станечките водопади и водопадот Хармонија.

Со уредувањето на патеката, љубителите на природата и планинарењето добиваат подобрени услови за пристап до едни од впечатливите природни богатства на Осоговието. Дополнително, на почетната информативни табли е поставен NFC-таг, преку кој посетителите можат едноставно, со доближување на мобилниот телефон, да пристапат до дигиталната мапа на патеката.

Посетата на оваа планинарска рута бара добра физичка кондиција и соодветна планинарска опрема, со оглед на нејзиниот карактер и должина.

Осоговието нуди природни предели кои вреди да се откриваат, доживуваат и чуваат. Ве покануваме да ги посетите природните убавини на нашиот крај и да уживате во единственото доживување што го нудат природните убавини на Осоговието, Станечките водопади и водопадот Хармонија.