Есенска акција за чистење и уредување на Крива Паланка

Општина Крива Паланка ја продолжува континуираната грижа за чистотата и уредноста на градот со реализација на есенска акција на повеќе јавни површини.

Во рамки на акцијата, лицата ангажирани за извршување јавни работи спроведуваат активности за чистење на каналите, решетките, сливниците и таложниците, со цел нивно непречено функционирање и одведување на атмосферските води.

Активностите опфаќаат и метење на улиците, отстранување на наталожените лисја, уредување на јавните и зелените површини, собирање на зелениот отпад оставен покрај контејнерите, како и чистење на дворните површини на јавните објекти.

Есенската акција ќе продолжи и во наредниот период, согласно потребите на терен. Општина Крива Паланка останува посветена на создавање чиста, уредна и здрава животна средина за сите граѓани.

Чиста и уредна Крива Паланка е наша заедничка грижа и одговорност.