За секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка по 2000 денари месечна субвенција за период од девет месеци

Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка бр.09-2712/13 од 28.05.2026 година, Општина Крива Паланка во учебната 2026/2027 година на секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка ќе исплаќа по 2000 денари месечна субвенција за период од девет месеци.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување месечна субвенција за секој ученик запишан во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за учебната 2026/2027 година кое заедно со потребните документи треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.

БАРАЊЕ