Општина Крива Паланка се приклучува на проектот Европска недела на спортот и дава подршка на истиот со два настана:
• Фудбалски натпревар со екипи од членови на фудбалскиот клуб „Академија Осогово 2022“ градски стадион 19.09.2026 година
• Пријателски натпревар во одбојка меѓу учениците од ООУ „Илинден“ и ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ училишна сала во ООУ „Илинден“ 24.09.2026 година
Европската недела на спорт е координирана преку Министерството за спорт на Република Северна Македонија.Во 2026 година кампањата се одвива под слоганот #BeActive- истиот слоган со кој се означуваат кампањите во сите 40+ европски земји.
Ги покануваме сите љубители на спортот и физичката активност да бидат дел од овој настан со што ќе покажат дека се грижат за себе и своите најблиски, а пред се за своето здравје.






