Фестивалските денови во Крива Паланка започнуваат со музичка вечер на отворено, со настап на DJ BONO, на 21 август, со почеток во 20:00 часот, на летната сцена на градскиот плоштад.
Борјан Илковски, познат како DJ BONO, е еден од најпопуларните млади македонски диџеи со настапи на повеќе музички настани, клубови, кафулиња и летни забави ширум земјата, а со својот препознатлив музички избор веќе стана и миленик на кривопалечката млада публика.
Неговиот настап ќе го означи почетокот на фестивалските денови 2026, во рамките на кои Крива Паланка во наредните девет дена ќе понуди разновидна програма исполнета со спорт, традиција, фолклор, култура, духовност и музика.
Летната сцена на градскиот плоштад утре ќе биде местото за дружење под отворено небо, со музика и атмосфера што го најавуваат празничниот период во градот.
DJ BONO – 21 август, 20:00 часот, градски плоштад – летна сцена.




