РОК-ХИТОВИ И ОДЛИЧНА АТМОСФЕРА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Градскиот плоштад во Крива Паланка синоќа беше исполнет со рок-музика, одлична енергија и заедничко пеење, на целновечерниот концерт на „Паркети“.

Со своите препознатливи хитови, меѓу кои „Strawberry“, „Сакам да те галам“ и „Јас те сакам тебе“, бендот приреди музичка вечер исполнета со безвременски песни, емоции и атмосфера што ги обедини различните генерации во публиката.

Една сцена, една музика и бројни познати рефрени беа доволни за уште една незаборавна летна вечер во рамките на „Кривопаланечко културно лето 2026“.