На 14 август, Крива Паланка ќе се претвори во вистинска долина од бајките, каде што најмладите ќе можат да бидат дел од една несекојдневна авантура исполнета со игра, фантазија и детска магија.
Во рамките на „Кривопаланечкото културно лето 2026“, на Градскиот плоштад и долж кејот на Крива Река ќе се одржи „Долина на малите витези и принцези“ – интерактивна детска забавна вечер создадена за најмладите, но и за нивните родители, баби и дедовци.
Кејот на Крива Река, од Шанин мост до Соларски мост, ќе добие поинаков изглед и ќе се претвори во мала средновековна бајковита долина, со замоци, весели ликови и забавни содржини кои ги повикуваат децата да влезат во светот на својата фантазија.
Најмладите ги очекуваат интерактивни игри и дружење со аниматори, пантомимичари и омилените ликови, креативни активности, цртање и боење, како и бројни изненадувања создадени за безгрижна летна забава.
Детската магија ќе продолжи и на Градскиот плоштад, каде што забавата ќе биде заокружена со настап на DJ музика и динамична атмосфера, создавајќи уште една незаборавна летна вечер за целото семејство.
Повелете заедно да создадеме заедно уште една убава приказна од „Кривопаланечкото културно лето 2026“ на 14 август на Градски плоштад – Летна сцена и крјот на Крива Река од 19:00 часот





