Мултимедијалната изложба „Прогон“ на Анета Стојчевска утревечер во Крива Паланка

Во рамки на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“, утревечер, 8 август (сабота), во ЛУ Градски музеј – Крива Паланка од 20.30 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Прогон“, авторски проект на академската уметница Анета Стојчевска.

Изложбата, која се реализира во соработка на Општина Крива Паланка и Лу Градски музеј, претставува современа мултимедијална поставка што преку просторни инсталации и аудио-визуелни елементи отвора прашања, поттикнува размислување и нуди поинакво уметничко доживување.

Анета Стојчевска, родум од Крива Паланка, е академска скулпторка со богато авторско искуство и препознатлив современ уметнички израз, а своите дела редовно ги претставува и пред домашната публика.

Отворањето на изложбата е закажано за 20:30 часот во просториите на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка.

Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на современата уметност да присуствуваат на отворањето и да бидат дел од ова културно случување.