Општина Крива Паланка ги повикува сите заинтересирани дечиња на возраст од 6 до 10 години да се пријават за учество на спортско-забавната манифестација „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ 2026“, која ќе се одржи од 21 до 25 август 2026 година на Градскиот стадион во Крива Паланка.
И ова лето, „Фудбал за сите“ ќе им овозможи на најмладите пет дена исполнети со спорт, игра, дружење и забава, преку активности што ги промовираат здравите животни навики, тимскиот дух и љубовта кон спортот.
Пријавувањето ќе се реализира во периодот од 10 до 18 август 2026 година (освен сабота и недела), во термин од 16:00 до 18:00 часот, во спортската сала „Партизан“ (заден влез).
Манифестацијата се организира под покровителство на Општина Крива Паланка, во соработка со Општинскиот сојуз на училиштен спорт – Крива Паланка.
Со организацијата на вакви спортско-рекреативни содржини, Општина Крива Паланка продолжува да создава можности за активно, квалитетно и исполнето детско лето, поттикнувајќи ги најмладите да се дружат, спортуваат и развиваат во позитивна и мотивирачка средина.





