По одличниот прием и големиот интерес кај најмладата публика при првото гостување, „Fuzz Bubble“ повторно ќе настапи на летната сцена во Крива Паланка, во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето 2026“.
На 30 јули, со почеток во 20:30 часот, најмладите посетители и нивните семејства ќе имаат можност повторно да уживаат во атрактивна жонглерска претстава, исполнета со забава, магија, смеа и изненадувања.
Со својата динамичност и интерактивност, „Fuzz Bubble“ веќе еднаш ја освои детската публика во Крива Паланка, а токму големиот интерес беше повод забавата повторно да биде дел од богатата летна културна програма.
Драги дечиња, родители, баби и дедовци – подгответе се за уште една највесела летна детска забава со „Fuzz Bubble“!




