Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр05/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), а во врска со член 6 став 1 алинеја 5 од Законот за волонтерството („Службен весник на Република Македонија” бр. 85/07, 161/08, 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 103/21) и Програмата за волонтирање во Општина Крива Паланка бр.08-488/1 од 28.01.2026 година, Општина Крива Паланка објавува:
ЈАВЕН ПОВИК 05/2026
За аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Крива Паланка
Општина Крива Паланка со овој јавен повик ја објавува потребата за организирање на волонтерска работа и ангажирање на 1 (еден) волонтер, кој ќе извршува волонтерска работа во рамките на надлежноста на општината во Одделение за урбанизам и заштита на животна средина при Сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животна средина и комунална инфраструктура – Општина Крива Паланка.
Ангажираниот волонтер доброволно ќе ги извршува следните активности:
– Помош и собирање на податоци за изработка на извод од планска и проектна документација,
– Помош и собирање на податоци за разгледување и анализа на урбанистички планови и урбанистичко планска и проектна докуменатција,
– Помошни активности за подготовка на документација од областа на урбанизмот,
– Собирање на податоци за изработка на извештаи, информации и анализи во постапки на донесување на урбанистичко планска и проектна документација,
– Следење на законската регулатива од областа на урбанистичкото планирање и други работи од областа на урбанизмот.
Потребен профил на стручен кадар, кој ќе биде ангажиран како волонтер е: Средна Стручна Спрема.
Времетраењето за ангажирање на волонтерот ке биде од денот на склучувањето на договорот до 31.12.2026 година.
Напомена: На ангажираниот волонтер ќе биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.
Кандидатите кои ќе поднесат апликација за волонтерство во Општина Крива Паланка треба да имаат завршено соодветно образование, со или без работно искуство во струката.
Апликацијата за волонтерство во Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати можат да ја поднесат секој работен ден во период 07.30 – 15.30 часот, во архивата на Општина Крива Паланка ул. Св. Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка, со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“.
Кон апликацијата за волонтерство во Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати треба да приложат:
– доказ за полнолетство
– фотокопија од уверение или диплома за завршено образование од соодветната област (истите ќе треба да бидат приложени во оригинал на увид пред склучување на договорот за волонтерство)
– кратка биографија
– мотивационо писмо.
Незадолжително апликантите можат да приложат и сертификати за посетени обуки во области кои соодветствуваат со видот на нивното образование, потврди поврзани со предметот на објавата на јавниот повик, доказ за работно искуство доколку поседуваат, познавање на работа со компјутери, познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).
Рокот за пријавување на кандидати за волонтери во Општина Крива Паланка трае 3 дена од денот на објавување на повикот согласно на Програмата за волонтирање на Општина Крива Паланка.
Селекција и избор на волонтерите кои ќе поднесат апликација за волонтирање ќе изврши Комисија составена од 3 (три) члена, формирана врз основа на Решение на Градоначалникот на Општина Крива Паланка.
Изборот на кандидатите за волонтери во Општина Крива Паланка ќе биде направен согласно критериумите и потребите на Општината, по соодветна евалуација на поднесените документи, а по потреба и спроведено интервју со пријавените кандидати.
Кандидатот кој ќе биде избран за волонтер во Општина Крива Паланка ќе потпише Договор за волонтерство во кои поконкретно ќе бидат утврдени условите, начинот, правата и обврските од волонтерството и волонтерскиот ангажман, а во согласност со одредбите од Законот за волонтерството и Програмата за волонтирање во Општина Крива Паланка.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски




