ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД ЛУГОЖ, РОМАНИЈА

Делегација од Општина Крива Паланка присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на градот Лугож, Република Романија.

Посетата претставува потврда за пријателските односи, воспоставената соработка и заложбите за понатамошно поврзување меѓу двата града преку размена на искуства, културна соработка и заеднички иницијативи од интерес за граѓаните.

Во рамки на престојот, делегацијата учествуваше на свеченостите организирани по повод празникот на градот, како и на средби со претставници од локалната самоуправа и други институции.

Крива Паланка продолжува да гради мостови на соработка со европските градови, промовирајќи ги вредностите на партнерство, пријателство и културно поврзување.