Љубителите на уметноста, креативноста и творечкото изразување ќе имаат можност да бидат дел од креативната работилница „Во светот на креативноста“, што ќе се одржи утре – 29 јули во ЛУ Градски музеј – Крива Паланка, со почеток во 12:00 часот, под менторство на Оливера Станковска.
Работилницата е посветена на поттикнување на имагинацијата и уметничкото изразување преку игра на бои, форми и идеи, овозможувајќи им на учесниците да ја ослободат својата креативна енергија и да создадат уникатни дела.
Ги покануваме сите љубители на креативното творештво да ни се придружат на ова инспиративно дружење и низ уметноста да откријат нови идеи, перспективи и сопствената креативност.





