На Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, на 31 јули (петок), со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи големиот претпразничен солистички концерт на популарната хрватска кантавторка, пејачка и гитаристка Бернарда Бабовечки, која со својот автентичен музички израз и впечатлива сценска енергија симболично ќе го најави празничниот период и богатата августовска програма на „Кривопаланечко културно лето 2026“.
Публиката ќе има можност да ужива во концертна програма исполнета со емоција, динамика и врвна музичка интерпретација, во изведба на прекрасната Бернарда, чија креативност, искреност и зрелост во музичкиот израз, создава посебна врска со секој слушател. Нејзиниот настап ветува вечер исполнета со квалитетна музика, одлична атмосфера и моменти што долго ќе останат во сеќавање.
Општина Крива Паланка ги поканува сите граѓани и посетители да бидат дел од оваа музичка вечер и заедно да уживаат во настапот на Бернарда Бабовечки, со кој ќе започне највозбудливиот дел од летната културна програма и ќе продолжи традицијата Крива Паланка да биде препознатлив простор на квалитетни културни случувања и незаборавни летни доживувања.




