Во рамки на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски, небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка организира музички спектакл што ќе го одбележи летото и ќе донесе незаборавна концертна вечер.
На 29 август, Градскиот стадион ќе биде центарот на музичките случувања, каде публиката ќе ужива во настапите на три големи музички имиња – Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, и Слаткар, кои со своите безвременски хитови, препознатливи настапи и различни музички стилови ќе приредат вечер исполнета со емоции, енергија и врвна забава.
Концертот е замислен како вистински празник на музиката, кој ќе ги обедини генерациите и ќе привлече посетители од целата држава и пошироко, потврдувајќи ја Крива Паланка како град што умее да организира настани од најголем формат, град кој нуди незаборавни доживувања и спектакуларна атмосфера.
Одбројувањето започнува. На 29 август, сите патишта водат кон Крива Паланка – градот каде летово ќе се случи музичкиот спектакл што долго ќе се памети.




