Во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето 2026“, љубителите на поезијата ќе имаат можност да бидат дел од Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“ – културен настан што ја слави силата на поетскиот збор и уметничкиот израз и литературата.
На поетската вечер ќе настапат автори, кои преку своите стихови ќе понудат различни поетски визии, емоции и размислувања, создавајќи простор за културна размена и заедничко доживување на пишаниот збор.
Манифестацијата ќе се одржи на 27 јули (понеделник), со почеток во 20:30 часот, во кино салата при НУ Центар за култура – Крива Паланка.
Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на литературата и поезијата да бидат дел од оваа инспиративна културна вечер и заедно да уживаат во убавината на стихот и богатството на поетскиот израз.





