Во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето 2026“, на плоштадот „Карпошово востание“ се одржа Фолклорна вечер, која низ богатата програма уште еднаш ја потврди убавината и трајната вредност на македонската народна традиција и фолклорното творештво.
Пред бројната публика настапија членовите на КУЗ „Фолклористи“, заедно со своите гости од земјата и странство, кои преку автентични песни, ора и впечатливи народни носии приредија вечер исполнета пријатни емоции, спомени и почит кон богатото културно наследство. Разновидноста на изведбите и професионалната посветеност на ансамблите, создадоа атмосфера во која традицијата оживеа на сцената, а публиката со долгите аплаузи ја награди секоја изведба.
Фолклорната вечер уште еднаш потврди дека ваквите културни настани претставуваат значајна можност за промоција на народната традија и богатата фолклорна ризница, зачувување и пренесување на нематеријалното културно наследство, но и простор за дружење, меѓукултурна размена и поврзување преку универзалниот јазик на музиката и играта.




