Во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето“, Општина Крива Паланка продолжува да приредува содржини за најмладите, а утревечер на Летната сцена на Градскиот плоштад ќе биде изведена детската музичка театарска претстава „Другарување со Пет и Еко“.
Низ интересна, весела и интерактивна приказна, петте јунаци од претставата на децата ќе им пренесат важни пораки за заштитата на животната средина, ќе зборуваат за секојдневните навики што придонесуваат за загадување на природата и ќе покажат како секој од нас може да биде пријател на животната средина.
* Летна сцена – Градски плоштад
* 20:30 часот
* 23 јули 2026 година
Ги покануваме сите дечиња, заедно со своите родители, да бидат дел од оваа музичка и едукативна авантура исполнета со песна, игра и важни пораки за љубовта и грижата кон природата.
Ве очекуваме да уживаме заедно во уште една незаборавна вечер од програмата на „Кривопаланечко културно лето“.




