Изложба на ликовни дека на Верче Цветановска во рамки на „Кривопланечко културно лето“

На 22 јули (среда), со почеток од 20.30 часот, во просториите на НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на ликовни дела од нашата сограѓанка Верче Цветановска, на која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со нејзиниот автентичен творечки израз и богат уметнички свет.

Изложбата се реализира во рамките на манифестацијата „ Кривопаланечко културно лето“, а Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на ликовната уметност и почитувачи на локалното творештво, да ја посетат изложбата и да бидат дел од уште една културна вечер исполнета со уметност, инспирација и креативна енергија.