Во просториите на Општина Крива Паланка, дене беше одржана конститутивна седница на Општинскиот Совет за превенција на детско претстапништво.
На седницата покрај членовите на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво именувани од Советот на Општина Крива Паланка, присуствуваше и Даниела Милошевска, раководителот на Оделение за јавни дејности при Општина Крива Паланка.
Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво е локално координативно тело кое формирано со цел да работи на спречување на детско претстапништво и заштита на децата во ризик и навремено да се препозннаат ризиците за да се спречи децата да дојдат во судир со законот преку превентивни, воспитни и социјални мерки
На денешната прва конститутивна седница беа избрани претседател и секретар, а од страна на присутните беа дадени предлози, идеи и сугестии за изработка на Програмата на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво за 2027 година, која ќе се изработува во наредниот период.





