Во рамки на програмата на „Кривопланечко културно лето“ на 22 јули (среда) 2026 година, со почеток од 20.30 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад, ќе се одржи фестивалот на староградски песни и серенади „Осоговска староградска вечер“.
Пред публиката ќе настапат друштвото „ Распеани паланчани“ од Крива Паланка и Кратовски бисери – Кратовски тамбураши со женска пеачка група, како и специјалниот гостин Нино Величковски – миленикот на кривопаланчани.
„Осоговска староградска вечер“ е дел од богатата културна програма што летово ја нуди Општина Крива Паланка, преку манифестацијата „ Кривопланечко културно лето“, која обединува концерти, изложби, книжевни промоции и други културни содржини.
Ги покануваме сите љубители на староградската музика да бидат дел од оваа музичка вечер и да уживаат во безвременските мелодии кои ја негуваат музичката традиција и ги поврзуваат генерациите.





