Во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026“, синоќа во изложбениот простор на НУ Центар за култура – Крива Паланка беше отворена изложбата „Деструкција во простор“ од авторот Јован Наумовски, која на публиката ѝ понуди несекојдневно визуелно и емоционално доживување.
Посетителите имаа можност да се сретнат со современ уметнички израз што го преиспитува начинот на кој го перцепираме просторот и неговата трансформација, потврдувајќи дека уметноста останува моќен медиум за комуникација, инспирација и нови перспективи.
Изложбата е уште еден значаен настан во богатата програма на „Кривопаланечко културно лето 2026“, која и ова лето продолжува да ја збогатува културната понуда на градот со содржини што ја поврзуваат публиката со различните форми на уметничко творештво.






