Продлабочување на соработката меѓу Општина Крива Паланка и збратимениот град Перечин

По повод одбележувањето на Денот на градот Перечин, делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот, престојуваше во официјална посета на збратимената Општина Перечин, Украина.

Во рамки на посетата, во свечена и пријателска атмосфера беше потпишан Меморандум за соработка, со кој се потврдува заедничката определба за натамошно унапредување и продлабочување на партнерските односи меѓу двете општини.

Градоначалникот упати искрена благодарност до градоначалникот на Перечин, Иван Погорелјук, за срдечниот пречек и гостопримството, истакнувајќи дека долгогодишното пријателство меѓу Крива Паланка и Перечин претставува цврста основа за реализација на заеднички проекти, размена на искуства и развој на нови иницијативи од взаемен интерес.

Општина Крива Паланка останува посветена на негување и зајакнување на меѓународната соработка, уверена дека партнерствата меѓу локалните самоуправи придонесуваат за развој, меѓусебно разбирање и создавање трајни пријателства меѓу граѓаните на двете земји.