Крива Паланка синоќа беше град на детски насмевки, смеа и радост

Летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка, вчера вечер се претвори во вистинска магија, благодарение на фантастичната жонглерска претстава на „Fuzz Bubble“, која донесе многу смеа, воодушевување, балони, музика и незаборавни моменти за најмладите.

Стотици деца, заедно со своите родители, баби и дедовци, уживаа во вечер исполнета со радост, игра и безгрижност-токму онаква каква што заслужува секое детство зошто, најубавата слика на еден град е, кога тој е исполнет со детска смеа, безгрижна игра и заеднички семејни моменти, а најголемото богатство е, кога децата се среќни, а возрасните задоволни.

Општина Крива Паланка упатува благодарност до сите посетители кои беа дел од оваа прекрасна летна вечер и воедно ги повикуваме граѓаните да ги проследат и следните содржини од богатата програма на „Кривопаланечко културно лето 2026“ – затоа што летото е најубаво кога го споделуваме заедно.

Големина на фонт
Контраст