Одржана првата седница на Локалниот совет за превенција на Општина Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка се одржа првата седница на Локалниот совет за превенција, на која беше конституиран Советот и беше избран секретар.

На седницата беа разгледани повеќе актуелни прашања од областа на јавната безбедност, со посебен акцент на состојбата со пожарите и мерките за нивна превенција, подготовките за безбедно одржување на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2026“, како и теми поврзани со сообраќајната безбедност, врсничкото насилство и заштитата на младите.

По сите точки од дневниот ред се разви конструктивна и плодна дискусија, при што беа изнесени повеќе предлози и иницијативи за унапредување на превентивното дејствување, зајакнување на меѓуинституционалната соработка и навремено постапување во однос на безбедносните предизвици.

Локалниот совет за превенција ќе продолжи со своите активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и создавање побезбедна и поквалитетна средина за сите граѓани на Општина Крива Паланка.

Дневен ред
Записник од првата седница на Локален Совет за Превенција 02.07.2026

Големина на фонт
Контраст