Во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026“, Општина Крива Паланка ги поканува граѓаните на свеченото затворање на јубилејната 40. Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“, кое ќе се одржи на 3 јули во Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ – Стар конак.
Свечената програма започнува во 20:00 часот со изложба на делата создадени за време на колонијата, а потоа следува концерт на виртуозниот кларинетист Бранко Павловски и гудачки квартет од Скопје, со изведба на дела од Јоханес Брамс.
Годинава, во инспиративниот амбиент на Осоговските Планини, твореа уметници од Македонија, САД, Турција, Србија, Бугарија и Словенија, продолжувајќи ја четиридецениската традиција на една од најзначајните меѓународни ликовни колонии во државата.
Општина Крива Паланка ги поканува сите љубители на уметноста и класичната музика да бидат дел од оваа јубилејна вечер, исполнета со врвно творештво, музика и уникатниот духовен амбиент на Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.






