Општина Крива Паланка денес официјално го потпиша договорот за долгорочен закуп на Градскиот базен во Крива Паланка, со времетраење од 30 години, со што се отвора нова перспектива за развој и модернизација на овој значаен спортско-рекреативен капацитет.
На овој чекор му претходеше успешно завршување на постапката за впишување на базенот во евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности. Иако објектот е изграден во 1945 година, истиот повеќе од осум децении не бил евидентиран во катастарската документација, што претставуваше сериозна пречка за негово понатамошно уредување и инвестирање.
Со решавањето на овој долгогодишен правен предизвик се создадоа сите неопходни предуслови за реализација на долгорочни инвестиции, реконструкција и ставање во функција на Градскиот базен, во согласност со современите стандарди и потребите на граѓаните.
Општина Крива Паланка останува посветена на создавање услови за развој на спортот, рекреацијата и локалната инфраструктура, а потпишувањето на овој договор претставува уште еден значаен чекор во таа насока.
На новите концесионери им посакуваме успешна работа, реализација на планираните инвестиции и успешно управување со овој значаен објект во интерес на граѓаните на Крива Паланка.







