ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ПРИСУСТВУВАШЕ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СЛАВАТА НА ОПШТИНА ТРГОВИШТЕ

Со особена чест и искрено задоволство, делегација од Општина Крива Паланка присуствуваше на одбележувањето на славата на храмот и Општина Трговиште, Република Србија – „Свети Никола Летни“.

Во духот на верата, традицијата и блискоста меѓу нашите народи, овој значаен настан уште еднаш ги потврди пријателските односи, меѓусебната почит и искрената соработка меѓу нашите општини.

Свеченоста помина во достоинствена и пријатна атмосфера, исполнета со духовност, заедништво и почитување на заедничките вредности кои ги поврзуваат нашите народи.

Ваквите средби претставуваат значајна можност за продлабочување на пријателските врски, размена на искуства и унапредување на меѓуопштинската соработка, која е од особено значење за развојот и поврзувањето на локалните заедници.

Упатуваме искрена благодарност до градоначалничката на Општина Трговиште за топлиот пречек, срдечното гостопримство и можноста преку ваквите средби да продолжиме да градиме мостови на пријателство, соработка и меѓусебна блискост.

Големина на фонт
Контраст