Општина Крива Паланка ја информира јавноста за хуманитарната иницијатива „Одмор за едно семејство“, реализирана од Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ – Скопје.
Иницијативата има за цел да овозможи бесплатни летни одмори за семејства во социјален ризик, самохрани родители, како и семејства со деца со попреченост или посебни потреби. Таа се реализира преку доброволно учество на граѓани, приватни сместувачки капацитети, угостители и хумани поединци кои донираат услуги и ресурси.
Општина Крива Паланка ја препознава општествената важност на ваквите иницијативи, кои придонесуваат за унапредување на солидарноста, хуманоста и општествената одговорност во заедницата.
Како институција, Општина Крива Паланка ја поддржува оваа иницијатива преку нејзино промовирање и споделување со пошироката јавност на официјалните социјални медиуми и медиумски канали, со цел информирање на јавноста, подигнување на свеста и поттикнување на хуманоста и солидарноста во заедницата.
Во таа смисла се нагласува дека сите активности поврзани со организацијата, управувањето, координацијата, изборот на корисници и реализацијата на иницијативата се во целосна надлежност на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ – Скопје, како организатор на иницијативата.
Општина Крива Паланка не учествува во спроведувањето на иницијативата, ниту во изборот на корисници, распределбата на донации или управувањето со сместувачки капацитети и финансиски средства, и не презема никаква правна, финансиска или организациска одговорност во врска со нејзината реализација.
Општина Крива Паланка останува посветена на поддршка и промоција на хуманитарни и општествено корисни иницијативи, кои придонесуваат за зајакнување на солидарноста, хуманоста и заедништвото во локалната заедница, во рамките на своите надлежности и законски можности.
Контакт и информации за иницијативата
Граѓаните, институциите и стопанските субјекти кои сакаат да добијат повеќе информации или да се приклучат на иницијативата можат директно да се обратат до организаторот:
Facebook страна: Куќа на среќата – Facebook страна
Facebook група: Куќа на среќата – Facebook група
Контакт лице: Маргарета Талески, +389 71 216 965
Е-пошта: kukja.na.srekjata@gmail.com
Веб: www.kukjanasrekjata.mk





